ЕП: Зеленски ќе им се обрати на пратениците од Киев по повод 1.000 дена војна

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе им се обрати од Киев на европратениците во Европскиот парламент (ЕП) кон средината на ноември, кога тие ќе се состанат за одбележување на 1.000 дена од војната во Украина, изјави претседателката на ЕП Роберта Мецола, пренесе Бета.



„Најавувам вонредна пленарна седница на ЕП во вторник, на 19 ноември, по повод одбележувањето на 1.000 дена храброст на народот на Украина“ од инвазијата на Русија која започна на 24 февруари 2022 година, напиша Мецола на платформата X .

„Претседателот Зеленски ќе ни се придружи од Украина и ќе им се обрати на пратениците“, додаде таа.

Неколку земји од Европската унија стравуваат дека враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа ќе доведе до намалување на американската поддршка за Украина.

Извор:  МИА
Објавена на 12.11.2024 15:41:35