Дали јадењето ф'стаци може да помогне во подобрување на здравјето на очите?

Јадењето грст ф'стаци секој ден може значително да го подобри здравјето на очите, според новата студија од Фридман школата за исхрана при Универзитетот Тафтс.



Додавањето на 50 грама несолени, излупени, печени ф'стаци секој ден во текот на 12 недели во вообичаената исхрана кај учесниците ја подобрило нивната оптичка густина на макуларен пигмент (MPOD).

Макулата е мала област во центарот на мрежницата на задниот дел од окото. Таа е од суштинско значење за добар вид бидејќи е одговорна за централниот вид, видот во боја и доловувањето на фини визуелни детали, како црти на лицето и пишан текст.

Не е невообичаено макуларната дегенерација да се појави со стареење. Се проценува дека околу 20 милиони возрасни луѓе во САД имаат макуларна дегенерација, која е водечка причина за губење на видот и слепило.

Макуларна дегенерација може да се појави и кај помлади луѓе. Примарните фактори на ризик се: пушењето, семејна историја на макуларна дегенерација, прекумерна тежина и хипертензија.

Ф'стаците се невообичаено богати со биодостапен лутеин, растителен пигмент кој ја штити макулата од оштетување од сина светлина. Студијата покажа дека нивото на лутеин кај учесниците се зголемило по само шест недели и се удвоило до крајот на студијата.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 11.11.2024 13:07:43