Флик: Не треба да го обвинуваме судијата за поразот од Сосиедад

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, по поразот од Реал Сосиедад (0:1) во натпреварот од 13. коло на шпанското првенство, се осврна на моментот со поништениот гол на Роберт Левандовски.



ВАР го поништи голот во 13. минута поради офсајд.

- Ги видов повторувањата и одлуката беше погрешна, имаше чист гол. Очигледно е дека голот требаше да биде признаен. Но, мора да прифатиме и таква одлука, не смееме да го обвинуваме судијата, затоа што сите сме луѓе и грешиме, изјави Флик.

Барселона е на првото место во поредокот во Ла Лига со 33 бодови.

Реал Сосиедад освои 18 бодови и се искачи на 8. место на табелата.

Извор:  МИА
Објавена на 11.11.2024 12:14:00