Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Бернардо Силва ги сподели своите очекувања од натпреварот против Спортинг во 4. коло од Лигата на шампионите.
- Со оптималниот состав ние сме посилни, нема смисла тоа да се негира. Ни недостигаат многу неверојатни играчи, но нема да бараме изговори, не функционира така Сити. Пред неколку години Кевин де Брујне пропушти шест месеци, но ние ја освоивме титулата. Секогаш сме способни за ова, изјави Силва за сајтот на УЕФА.
Натпреварот Спортинг – Манчестер сити се игра вечер од 21 часот во Лисабон.
По три кола во елитното натпреварување Манчестер сити е на 3. место со седум бодови, Спортинг е на 8.место исто така со седум бода.