ЕК: Се подготвуваме за исходот од изборите во САД

Ние немаме навика или улога да поддржуваме кандидат на избори - во ЕУ или во светот. Ова денеска го изјави портпаролот на Европската комисија на прес-конференција како одговор на прашања поврзани со утрешните претседателски избори во САД.



Јасно ставивме до знаење дека се подготвуваме за исходот од изборите во САД. Не коментираме избори во странство. Улогата на ЕУ е да биде подготвена за секој изборен резултат, резимира портпаролот.

Неодамна европските изданија објавија дека ЕУ е подготвена за каков било развој по утрешните претседателски избори во САД.

Во пресрет на изборите, кандидатот на Републиканската партија, Доналд Трамп предупреди дека ЕУ ќе мора да плати „висока цена“ на полето на економијата доколку тој биде избран за претседател на САД.

Извор:  МИА
Објавена на 04.11.2024 14:56:49