Помалку шеќер во првите 1.000 дена од детскиот живот штити од дијабетес и висок крвен притисок подоцна

Ново истражување покажува дека намалувањето на количината на шеќер што децата ја внесуваат во првите 1.000 дена од својот живот може да ги заштити од дијабетес и висок крвен притисок во позрела возраст.



Ова истражување се сосредотчува на здравата исхрана во првите 1.000 дена, т.е. првите три години од животот на едно бебе или дете. Тоа, прво како доенче, ги апсорбира хранливите материи од мајката, а потоа преминува кон одвоена исхрана. Научниците открија дека ограничувањето на внесот на шеќер на таа возраст е поврзано со 35 отсто помала стапка на дијабетес тип 2 во средната возраст и 20 отсто помала стапка на висок крвен притисок. Тадеја Гренчер од американскиот Универзитет на Јужна Калифорнија во Лос Анџелес појаснува дека е докажано оти помалку шеќер во раното детство значително ја намалува опасноста од болести.

Научниците спровеле природен експеримент во Велика Британија уште во 1940-тите и 50-тите. По укинувањето на ограничувањата, потрошувачката на шеќер самостојно се удвоила од 40 грама на 80 грама дневно.

Истражувачите потоа направиле споредба на здравјето на 38.000 лица кои биле родени пред ограничувањето на шеќерот и 22.000 луѓе родени набргу потоа. Ова истражување покажаа дека стапките на дијабетес и висок крвен притисок биле многу пониски кај оние кои наполниле две години во периодот додека траело ограничувањето на шеќерот.

Препорачаната доза шеќер за возрасни во текот на денот е околу 30 грама. За деца до четири години, се советува повеќе да избегнуваат засладени напивки и храна со додадени шеќери.

Проф. Кит Годфри од Универзитетот во Саутемптон, Англија, се согласува оти има јасни докази дека намалувањето на внесот на шеќер на рана возраст е навистина благотворно како превентива за подоцнежната возраст.

Извор:  МИА
Објавена на 01.11.2024 13:51:16