Џеј Ло избега од фановите по прашање поставено за нејзината врска со Диди

Џенифер Лопез не сака да има никаква врска со раперот Пи Диди. Се вели дека пејачката го напуштила потпишувањето на автограми, откако фановите ја запрашале за нејзината поранешна врска со наводниот сексуален престапник Диди.



Џенифер, која е во процес на развод од Бен Афлек, била соочена со прашањето „Џеј Ло, дали имаш коментар за Диди и наводите?“, по што престанала да дава автограми и го напуштила настанот.

Џеј Ло и Диди беа една од најпознатите двојки од крајот на деведесеттите и се забавуваа помеѓу 1999 и 2001 година.

Претходно зборувајќи за нивната романса, Џенифер изјави дека повеќе пати ја раскинувале врската, па потоа повторно завршувале заедно.

-Беше многу бурно. Кон крајот беше емотивно исцрпувачки. Добро беше што бев млада.

Двојката генерално ја чуваше својата врска приватна, а Џенифер објасни дека сака да ги задржи деталите за нивниот однос „свети и приватни“.

Сепак, после многуте тужби за силување и сексуално малтретирање упатени кон раперот, тоа е е речиси невозможно.



Најновата тужба за сексуален напад е врз 13-годишно девојче, e настан што се случил истата вечер кога Џенифер и Диди беа сликани како се расправаат на забава, пред да заминат подоцна заедно со неговата придружба.

Се вели дека наводниот инцидент се случил во друга куќа подоцна истата ноќ, но тајмингот додава вознемирувачки слој на настаните на вечерта и покренува прашања за динамиката на врската на Диди и Џенифер.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 31.10.2024 12:29:26