Тренерот на Милан, Пауло Фонсека ги искажа впечатоците по синоќешниот пораз од Наполи.
Наполитанците во Милано во дербито на 10.коло од Серија А победија со 2:0.
-Наполи прв постигна гол, но Милан го контролираше натпреварот. Игравме квалитетен фудбал и создадовме многу шанси. Не е лесно да се делува против противник кој брани блиску до својот шеснаесетник. Секогаш сум одговорен за она што се случува на теренот, вината за поразот ја преземам на себе, изјави главниот тренер на Милан во интервју за „DAZN“.
Милан по девет одиграни натпревари има 14 бодови и во моментов е на 8. место, Наполи е лидер со 25 бода од 10 средби.