Аморим можен наследник на Тен Хаг

Тренерот на Спортинг Лисабон, Рубен Аморим е можен наследник на Ерик тен Хаг во Манчестер јунајтед.



Според британските медиуми, англискиот клуб веќе преговара за назначување на португалски стручњак.

На Аморим му е понуден договор со плата од 8 милиони евра годишно според шемата 2+1 година.

Претходно беше објавено и дека Манчестер јунајтед е подготвен на Спортинг да плати 10 милиони евра отштета за предвремен прекин на соработката со тренерот.

Извор:  МИА
Објавена на 29.10.2024 11:18:15