На нива во селото Бојане, скопско денеска била пронајдена неексплодирана граната од Втора светска војна.
Во СВР Скопје, денеска во 14.30 часот А.Ш. (47) од с.Бојане, скопско, пријавил дека во неговата нива во с.Бојане, скопско, пронашол железен предмет кој наликувал на експлозивна направа.
- Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото, а пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување констатирал дека се работи за артилериска граната калибар 75 мм - панцирно зрно, која потекнува од Втората светска војна и која била безбедно подигнато за понатамошна постапка, информираат од МВР.