Де Брујнe сака да ја продолжи кариерата во МЛС ако го напушти Манчестер сити

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Кевин Де Брујне, може да ја продолжи кариерата во МЛС.

Според „Get Football“, доколку го напушти англискиот клуб, 33-годишниот Белгиец и неговата сопруга повеќе би сакале да се преселат во тим од американската МЛС. Тие веруваат дека САД се подобро место за одгледување деца од Саудиска Арабија.

Претходно беше објавено дека Сан Диего му понудил на играчот од средниот ред околу 20 милиони долари годишно.

Оваа сезона Де Брујне одигра шест натпревари на кои постигна гол и асистенција.

Извор:  МИА
Објавена на 24.10.2024 13:20:43