Македонија за прв пат домаќин на Европската Атлетска Асоцијација

Денес во хотел Хилтон се одржа прес конференција организирана од Атлетската федерација на Република С. Македонија, по повод Конвенцијата на Европската Атлетска Асоцијација, која ќе се одржи за прв пат во Скопје од 24 до 27 октомври 2024 година, како и доделувањето на наградите за најдобар спортист на Европа во атлетскиот спорт "Golden Tracks" - избор кој исто така за прв пат Македонија ја има честа да биде организатор и домаќин.



„Golden Tracks“е симбол на врвниот успех, признание и престиж во светот на атлетиката, манифестација која ги наградува најуспешните атлетичари од цела Европа. Оваа година, за прв пат во три децениската историја на манифестацијата, организатор ќе биде балканска земја.

На прес конференцијата обраќање имаше и официјалниот домаќин на настанот г-ѓа Александра Војнеска-Зикова, Претседател на Атлетската федерација на Македонија, Министерот за спорт, г. Борко Ристовски, како и Претседателот на Европската Атлетска Федерација г. Добромир Карамаринов,

На оваа прес конференција беа изнесени деталите околу наградната церемонија, истакнувајќи ја важноста на овој настан за промоција на атлетиката во регионот.



“Дeнеска сме тука собрани да промовираме еден многу убав настан, кој што за нас како федерација испишува историја, верувам и генерално за спортот во нашата држава -Конвенцијата на Европската Атлетска Асоцијација која што ќе се одржува од 24-26ти октомври, тука во Хотел Хилтон и како шлаг на настанот, престижната атлетска манифестација „Golden Tracks Skopje 2024”, Изборот за најдобар атлетичар во Европа, што ќе се одржи на 26ти oктомври во Националната Опера и Балет. Организацијата на оваа манифестација претставува големо признание за Македонија и значи голема промоција на македонската атлетика. Спортската дипломатија игра клучна улога во зајакнувањето на меѓународните врски и соработката, не само во спортот, туку и пошироко. Оваа Конвенција и присуството на почитуваните гости од Светската и од Европска Атлетска Асоцијација ни овозможува долгогодишна соработка и презентирање на нашата земја во овој спорт за кој сум особено горда” - истакна Александра Војнеска-Зикова, Претседател на Атлетската федерација на Македонија и член на советот на Европското атлетски совет.

На настанот ќе се обединат повеќе од 300 истакнати личности, претставници на 51 федерација од цела Европа, вклучувајќи претседатели на национални атлетски федерации во чии редови се нооѓаат многу светски и европски звучни имиња носители на медали во
атлетиката, како и најуспешните во атлетскиот спорт во Европа - имиња кои пишуваатисторија во атлетиката, светски рекордери во своите дисциплини.



На оваа прес конференција присуствуваше и Министерот за Спорт, г. Борко Ристовски, кој изјави дека Македонија ќе биде се по присутна на европската и светската мапа во годините кои што следат.

“Ми претставува особена чест и задоволство што денеска заедно со вас сум на овој значаен настан – Конвенцијата на Европската Атлетска Асоцијација и престижната атлетска манифестација „Golden Tracks Skopje 2024”. Организацијата на оваа манифестација претставува големо признание за Македонија и значи голема промоција на македонската атлетика. Спортската дипломатија игра клучна улога во зајакнувањето на меѓународните врски и соработката, не само во спортот, туку и пошироко. Оваа Конвенција и присуството на почитуваните гости од светската и од Европска Атлетска Асоцијација ни овозможува долгогодишна соработка и презентирање на нашата земја во овој спорт за кој сум особено горд.“ – изјави министерот за спорт, г. Борко Ристовски.

Според претстедателот на Европската Атлетска Федерација, г. Добромир Карамаринов, Македонија заслужува поголема и подобра афирмација во светот на атлетиката.

“Конвенцијата е наш најголем корпоративен настан, а оваа недела домаќин ќе биде токму Скопје, по што ќе следи престижната гала на награди „Златни патеки “. Би сакал да изразам голема благодарност до Атлетската федерација на Македонија и до сите вклучени во организацијата на овој настан, особено до исклучителната тимска работа помеѓу Локалниот организациски комитет и Европската атлетика. Посебна благодарност до Министерството за спорт, министерот Ристовски и Владата на Република Северна Македонија за нивната непроценлива поддршка, бидејќи не би можеле да растеме без институционална поддршка. Исто така, сакам да ги истакнам важните улоги што претставниците на Атлетската федерација на Северна Македонија ги играат во различни тела на Европската атлетика и да ве охрабрам сите вас да продолжите со вашата голема работа во развојот на атлетиката, како на теренот, така и на лидерската страна “. - изјави Добромир Карамаринов, претседател на Европската атлетика, кој изрази благодарност за топлото гостопримство и можноста Република Северна Македонија да биде домаќин на овој настан.

Очекуваме оваа Конвенцијата да привлече многу внимание и ќе биде значаен момент за развојот на атлетиката во Македонија и Европа.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 22.10.2024 14:15:03