Бохум го отпушти тренерот

Последнопласираниот тим во германското фудбалско првенство Бохум му врачи денеска отказ на тренерот Петер Зајдлер откако освои само еден бод во првите седум кола од оваа сезона.



Освен Зајдлер, отпуштен е и поранешниот спортски директор Марк Летау.

Бохум е последнопласиран во Бундеслигата со само еден бод, а беше елиминиран од второлигашот Јан Регензбург и во Купот на Германија.

Во следното осмо Бохум на домашен терен ќе игра против Баерн Минхен, на 27 овој месец.

Извор:  МИА
Објавена на 21.10.2024 16:44:48