Ѕвездата на One Direction го загуби животот по пад од балкон

Смртта на Лијам Пејн (31) го вознемири светот, откако пејачот падна од третиот кат на хотел во аргентинската престолнина Буенос Аирес. Засега нема официјални информации за околностите кои довеле до смртта на ѕвездата. Тој беше познат како пејач на групата One Direction, а воедно и по својот бурен приватен живот.



Непосредно пред неговиот пад од балконот, очевидци велат дека Пејн имал инцидент во лобито на хотелот, каде што искрши еден лаптоп, па потоа од обезбедувањето бил спроведен до својата соба.

Вработен во хотелот направил два повици до полицијата. Во првиот повик вели дека во хотелот има гостин кој изгледа е дрогиран и уништува се во својата соба. Во вториот повик потенцирал дека собата е со балкон и дека персоналот се плаши дека гостинот би можел да направи нешто,

Само пред неколу дена претходно, поранешна свршеница на Пејн, Маја Хенри, побарала забрана за приближување, откако пејачот опсесивно се обидувал да стапи во контакт со неа.

Лијам го имаше своето деби како пејач во 2008 година, на аудиција за британската телевизиска серија „Икс фактор“. Откако беше елиминиран од конкуренцијата, тој повторно се појави на аудиција во 2010 година, кога беше ставен во група со уште четворица млади момчиња кои беа основата на англиско-ирскиот поп-состав „One Direction“ што стана еден од најпродаваните машки брендови на сите времиња.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 17.10.2024 10:39:49