Мемфис потпиша целосен договор со Скоти Пипен Јуниор

Скоти Пипен Јуниор доби договор од Мемфис. Дваесет и тригодишниот плејмејкер кој играше на двонасочен договор, влезе во целосен договор со клубот.



Пипен им се приклучи на Гризлис во сезоната 2023/24. Тој импресионираше во претсезоната, со просек од 10,3 поени и 4,5 асистенции за 20,5 минути во четири натпревари.

Се очекува Пипен да биде резервен организатор на играта на тимот.

Пипен Јуниор е син на членот на „Куќата на славните“ Скоти Пипен. Тој во 2022 година дебитира во НБА на двонасочен договор со Лос Анџелес лејкерс.

Извор:  МИА
Објавена на 16.10.2024 11:36:24