Виртц го повреди скочниот зглоб

Фудбалерот од средниот ред на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц го повреди скочниот зглоб настапувајќи на натпревар за германската репрезентација.



Дваесет и едногодишниот играч се повреди на натпреварот од Лигата на нации против Холандија (1:0) одигран во понеделникот.

Според прес-службата на тимот од Леверкузен, времето на враќање на играчот на тренинзите не е дефинирано.

Сезонава Вирц одигра шест натпревари во Бундеслигата и постигна четири гола и една асистенција.

Тој исто така постигна два гола на два натпревара во Лигата на шампионите.

Извор:  МИА
Објавена на 16.10.2024 10:56:46