Дешам пред дуелот со Белгија: Овој натпревар ќе биде дел од историјата

Селекторот на француската репрезентација Дидие Дешам ги сподели своите очекувања од натпреварот со Белгија во 4. коло од Лигата на нации.

- Ќе се соочиме со многу мотивиран белгиски тим. Ова нема да го промени она што се случуваше на претходните натпревари. Не можеме да зборуваме за доминација, тоа не е точно. Истиот контекст, иста група... И овој натпревар ќе стане дел од историјата, изјави Дешам за „RMC Sport“.

Натпреварот ќе се одржи вечер во Брисел со почеток во 20:45 часот.

Во првото коло од А-Лига на нации Група-2, Французите на домашен терен ја совладаа Белгија со 2:0.

Извор:  МИА
Објавена на 14.10.2024 11:23:24