Тренерот на Астон вила, Унаи Емери, ги кажа амбициите на неговиот тим сезонава во Лигата на шампионите.
Тимот од Бирмингем синоќа на домашен терен го совлада Баерн Минхен со 1:0 во натпреварот од 2. коло во Лигата на шампионите.
- Сакаме да играме во Европа постојано на високо ниво. Се боревме одлично и победивме. Имаме шанса да влеземе во најдобрите осум екипи, истакна Емери.
Астон вила со максимални шест бода по двете почетни кола се наоѓа на 6. место во поредокот на елитната фудбалска лига.