Дурант: Не размислувам за продолжување на договорот

Кошаркарот на Феникс санс, Кевин Дурaнт изјави дека прашањето за продолжување на договорот не му важно пред почетокот на сезоната.



- Имам уште две години од мојот сегашен договор. Значи, сите мои мисли се да играм најдобро што можам на теренот. И ќе се справиме со договорните прашања кога ќе дојде време, рече Дурант.

Напаѓачот на Санс наполни 36 години на 29 септември.

На Дурaнт му следуваат 51,1 милиони долари во претстојната сезона и 54,7 милиони долари во 2025/26 пред да стане слободен агент летото 2026 година.

Извор:  МИА
Објавена на 01.10.2024 14:16:42