Реал Мадрид потврди дека првиот голман, Тибо Куртоа се здобил со повреда на мускул на левата нога.
Белгиецот се повреди на синоќешниот натпревар со Атлетико (1:1) во 8. коло од Ла Лига. Голманот нема да се врати на теренот до репрезентативната пауза.
Така ќе ги пропушти дуелите од Лигата на шампионите против Лил (2 октомври) и натпреварот со Виљареал од Ла Лига (5 октомври). Потоа, Реал ќе игра на 19 октомври против Селта во шпанското првенство.
Куртоа оваа сезона одигра 10 натпревари, а на четири од нив ја зачува мрежата чиста.