Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните доколку имаат било каква информација за Марк Јорис (72), белгиски државјанин кој на 18.09.2024 од страна на Интерпол Брисел и амбасадата на Белгија е пријавен како исчезнат, да пријават во најблиската полициска станица или на телефонскиот број 112.
- Во МВР е пријавено дека Марк Јорис е исчезнат, а, според пријавеното, тој имал планирано рута за планинарење во реонот Охрид - Струга (Вевчани) – Дебар- општина Маврово и Ростуше и на север кон Албанија. Со помош на дрон е извршена потрага и опсервација на теренот, но лицето не е пронајдено, а се преземаат и низа други мерки и активности за пронаоѓање на лицето, соопштија од МВР.