Почина оперската првенка Ирена Кавкалевска

Почина оперската првенка, мецосопран, Ирена Кавкалевска, соопшти Македонска опера и балет.



Кавкалевска, мецосопран e Добитничка на многу награди, школувана во Македониіа, Софиjа, Грац, Загреб. Таа дебитира на сцената на МОБ во 1996 година со улогата на Мадалена во „Риголето". Настапувала на многу фестивали и оперски сцени, а незиниот репертоар зборува за успешни креации во „Кармен", „Аида", „Набуко", „Моќта на судбината", „Сестра Анџелика", „Лули Цезар во Египет" „Севилскиот берберин", „Лилјакот", „Иван Сусаньин", „Цар Самоил".

-Уште во првата нејзина појава, Ирена Кавкалевска беше вистинско олицетворение на Кармен, бескрупулозната заводничка. Таа апсолутно пленеше со сценичноста, владееше со целото дејство, очигледно се чувствуваше удобно во улогата што а толкува. Комотна и самоуверена на сцената, мошне маркантно ja долови фаталната женска привлечност" - зборува музичката критика за креацијата на нашата уметница во познатата опера на Жорж Бизе.

Нејзината појава беше особено ретка, како на сцената така и во приватниот живот. Зрачејќи со својата елеганција, нежност и благородност, остави голема трага во срцата на публиката и колегите. Истовремено, беше и силен борец во сите животни премрежја.

Прераната смрт на почитуваната и драга Ирена Кавкалевска за Македонската опера и балет и воопшто, за севкупниот културен живот, претставува огромна загуба. Таа имаше и можеше да подари уште многу сценски и концертни креации...

Ирена Кавкалевска (1973-2024)

ЗВОГУМ НАША ДРАГА И НЕЗАБОРАВНА „КАРМЕН” 🕊️❤️ ИРЕНА КАВКАЛЕВСКА, МЕЦОСОПРАН (1973-2024)

Posted by Nacionalna opera i balet - National Opera & Ballet on Wednesday, September 25, 2024

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 25.09.2024 11:29:12