Кави Ленард нема долго да паузира по операцијата на коленото

Еден од најдобрите кошаркари на Лос Анџелес клиперс, Кави Леонард беше опериран на коленото, објави Шамс Чаранија од „Атлетик“.



Временската рамка за закрепнување на Ленард не е позната, но од клубот се оптимисти дега нема долго да биде надвор од терените.

Се очекува 33-годишниот Американец да оди на претсезонски тренинзи според индивидуална програма.

Леонард е во Клиперс од 2019 година. Во сезоната 2023/24, учествуваше на 68 натпревари, со просек од 23,7 поени, 6,1 скока и 3,6 асистенции по натпревар.

Извор:  МИА
Објавена на 25.09.2024 11:06:52