Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти е првиот шеф на стручен штаб во историјата на Ла Лига кој има низа од 39 натпревари без пораз.
Реал синоќа го победи Алавес со 3:2 во натпреварот од 7. коло од шпанското првенство.
Кралскиот клуб ја продолжи серијата без пораз во Ла Лига на 39 натпревари по ред. Италијанецот го собори рекордот на Алберто Ормаечеа, под чие водство Сосиедад беше непоразен 38 меча по ред во периодот од 1979 до 1980 година.
Серијата без пораз на Реал Мадрид е втора најдолга во историјата на Ла Лига. Рекордот меѓу клубовите и припаѓа на Барселона, која одигра 43 натпревари без пораз во периодот од 2017 до 2018 година, под водство на тренерот Луис Енрике, а потоа и на Ернесто Валверде.
По седум кола Реал е на втората позиција со 17 бодови, лидер е Барселона со 18 и натпревар помалку.