Израел го турка регионот во отворена војна

Шефовите на дипломатиите на Египет, Ирак и Јордан ја осудија израелската „агресија врз Либан“ и предупредија дека „Израел го турка регионот во отворена војна“.



Министрите за надворешни работи на Египет, Ирак и Јордан, Бадр Абделати, Фуад Хусеин и Ајман Сафади се состанаа во Њујорк, на маргините на Генералното собрание на ОН.

Во заедничката изјава објавена денеска се наведува дека тројцата министри за надворешни работи разговарале и за организирање на „троен самит“ во Каиро.

„Министрите ја осудија израелската агресија врз Либан, нагласувајќи дека Израел го турка регионот во отворена војна“, се додава во текстот и се апелира до „меѓународната заедница и Советот за безбедност на ОН да преземат одговорност за запирање на војната“.

Осврнувајќи се на „опасната ескалација во регионот“, министрите оценија дека „запирањето на оваа ескалација започнува со запирање на израелската агресија во Газа“.

Извор:  МИА
Објавена на 25.09.2024 10:55:53