Лео негира поврзаност со озлогласените „бели забави“ на Диди

Леонардо ди Каприо се дистанцира од Шон „Диди“ Комбс откако се појави негова слика на една од озлогласените „бели забави“ на музичкиот магнат. Извор близок до холивудскиот актер (49) рече дека тој немал никаква врска со Диди „со години“.



Комбс (54) беше уапсен минатата недела под обвинение за рекетирање, сексуална трговија и трговија со проституција.

Раперот е обвинет дека ги принудувал жените на секс. Се тврди дека при претрес на неговиот имот биле откриени илјада шишиња бебешко масло. Обвинителите тврдат дека жените кои учествувале во забавите биле толку истрошени од маратонските секс сесии што им биле потребни лекарски интервенции.

Dailymail.com објави слики на кои се гледа како Ди Каприо позира на една од озлогласените „Бели забави“ на Комбс во 1998 година во неговиот дом во Ист Хемптон.

Раперот еднаш ја прогласи ѕвездата на Титаник за „личност број еден“ на неговата листа за покани на овие забави.

Извор близок до Ди Каприо вели дека Лео „не бил во контакт“ со Комбс со години, додавајќи дека актерот нема никаква врска со случајот. Лео и Диди беа сликани заедно во јавност за време на Демократската национална конвенција на 29 јули 2004 година.

Според истиот извор, Ди Каприо ги посетувал забавите како и сите други познати личности бидејќи биле популарни, но ништо повеќе од тоа.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 24.09.2024 11:02:52