Футурама

2024 PT5 e најновата мини-месечина на Земјата

2024 PT5 e најновата мини-месечина на Земјата. Се очекува да биде дел од орбитата на Земјата во текот на неколку месеци почнувајќи од 29 септември 2024.



Во суштина станува збор за астероид блиску до Земјата што ќе биде заробен од нашата планета за кратко време пред да биде пуштен назад во Сончевиот систем за да орбитира околу Сонцето.

2024 PT5 има дијаметар од 11 метри и е познат под името астероид Арџуна.

Приближувајќи се кон Земјата со релативно мала брзина, ќе влезе во орбитата на 29 септември и ќе замине на 25 ноември, кога ќе се врати во орбитата околу Сонцето. Астероидот ќе биде најблиску до Земјата на 9 јануари 2025 година.

Земјата редовно фаќа тела кои и се во близина и ги влече во орбитата, правејќи ги мини-месечини, а истражувачите, ги опишуваат овие мини-месечини како „привремено заробено прелетување“.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 23.09.2024 14:54:03