Актерката Кораима Торес, која своевремено се прослави со улогата на Касандра во светски познатата теленовела, вчера вечер пристигна во Србија.
Венецуелската актерка слета на аеродромот „Никола Тесла“ каде што веднаш беше пречекана од медиумските екипи. Видно расположена и насмеана, Торес им испрати бакнежи на присутните и изјави дека е пресреќна што е тука
Кораима наскоро ќе и се приклучи на актерската екипа на популарната серија „Игра на судбината“ каде што ќе се појави како специјален гостин.