Дефанзивецот на Реал Мадрид, Дани Карвахал, за шпанска „Марка“ одговори на повиците на тренерот на тимот, Карло Анчелоти да се продолжи договорот на веќе легендарниот играч на „кралевите“.
- Никогаш не би играл за друг клуб во Европа од почит кон Реал Мадрид. Ако сите страни се согласат, сакам да го продолжам договорот. Ова е она што отсекогаш го сакав и што сакам сега, изјави Карвахал.
Карвахал игра за Реал Мадрид од 2013 година. Актуелниот договор со 32-годишниот Шпанец е до летото 2025 година.