Малдини: Серија „А“ не е многу ценета, но е меѓу трите најдобри европски лиги

Поранешниот дефанзивец на Милан, Паоло Малдини, верува дека италијанската лига е една од трите најдобри лиги во Европа.



-Серија „А“ не е многу ценета од другите луѓе. Но, во однос на техниката, тактиката и знаењето, таа е топ 3 на првенствата во Европа, изјави Малдини, цитиран од „Фудбал Италија“.

Всушност, италијанската Серија „А“ моментално е рангирана на второто место на првенствената табела на УЕФА, зад само англиската Премиер лига.

Сепак, многумина имаат тенденција да ги рангираат Ла Лига и Бундеслигата повисоко, ставајќи ја италијанската лига на четвртата позиција.

Извор:  МИА
Објавена на 12.09.2024 15:43:56