За две децении, цената на златото се зголеми за 800 отсто

Изминатата година цената на златото постојано урива рекорди. Оваа година започна со историски максимум од 2.050 долари, а секој месец достигнуваше нов максимум.



Сегашната светска берзанска цена е околу 2.520 долари за унца, што е раст од речиси 500 долари за само осум месеци од годинава, а се очекува годината да ја заврши со нов рекорд.

Цената на овој благороден метал за две децении скокна за 800 отсто.

Според аналитичарите, побарувачката за инвестициско злато во Америка и во Кина се третира како една од најбезбедните и најодговорните набавки. Побарувачката за инвестициско злато во првиот квартал годинава скокна за 68 отсто во однос на лани.

Извор:  МИА
Објавена на 10.09.2024 15:14:32