Селена Гомез откри дека не може да остане бремена поради медицински причини.
Пејачката за „Vanity Fair“ истакна дека тагува поради нејзината неможност природно да стане мајка.
-Никогаш не сум го кажала ова, но за жал не можам да износам свои деца. Имам многу медицински проблеми кои би ги загрозиле мојот живот и животот на бебето.
Иако нејзиниот пат до мајчинството ќе „изгледа поинаку“, актерката и пејачка инсистира дека сака да биде мајка.
-Тоа нема да биде на начинот на кој што го замислив. Мислев дека ќе се случи како што им се случува на сите. Сметам дека е благослов што има прекрасни луѓе кои се подготвени да направат сурогат мајчинство или посвојување, кои се огромни можности за мене. На крајот на денот, не ми е грижа. Тоа ќе биде моето бебе, објасни Гомез.
Ѕвездата на „Волшебниците од Вејверли Плејс“ ја истакна својата цврста желба да биде мајка на 35-годишна возраст уште пред да излезе во врска со нејзиниот сегашен партнер, музичкиот продуцент Бени Бланко.