Кејт Мидлтон ја заврши превентивната хемотерапија: Последните 9 месеци беа неверојатно тешки

Кејт Мидлтон ја сподели радосната вест дека завршила со превентивната хемотерапија и со нетрпение чека да се врати на јавните ангажмани.



Принцезата од Велс (42) во март објави дека ќе биде подложена на превентивен третман откако и беше дијагностициран рак и дека ќе се повлече од јавниот живот.

Во интимна изјава за нацијата, таа откри дека нејзиното семејство пловело во „бурните води“ и нејзиниот целосен фокус сега е да биде без рак.

-Како што летото завршува, не можам да ви објаснам какво олеснување е што конечно го завршив мојот третман со хемотерапија.

Последните девет месеци беа неверојатно тешки за нас како семејство. Животот како што знаете може да се смени за миг, па моравме да најдеме начин да се движиме по бурните води и непознатиот пат.

Искуството со ракот е сложено, страшно и непредвидливо за сите, особено за најблиските. Понизно ве доведува лице в лице со вашите сопствени ранливости на начин на кој никогаш досега не сте размислувале, а со тоа и до нова перспектива за сè.



Овој пат пред сè нè потсети со Вилијам да размислуваме и да бидеме благодарни за едноставните, но важни работи во животот, кои многумина од нас често ги земаат здраво за готово. Едноставно да сакаш и да бидеш сакан.

Сега мојот фокус е да правам се што можам за да останам без рак. Иако завршив со хемотерапија, мојот пат до заздравување и целосно закрепнување е долг и морам да се носам со секој ден како што доаѓа.

Со нетрпение очекувам да се вратам на работа и да преземам уште неколку јавни ангажмани во наредните месеци. И покрај сето она што се случи претходно, влегувам во оваа нова фаза на закрепнување со обновено чувство на надеж и ценење на животот.

Со Вилијам сме многу благодарни за поддршката што ја добивме и црпиме голема сила од сите оние кои ни помагаат во овој период. Сечија љубезност, емпатија и сочувство беа навистина понизни.

До сите оние кои го продолжуваат сопственото патување против ракот – останувам со вас, рамо до рамо, рака под рака. Од темнината може да излезе светлина, па нека таа светлина свети силно.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 09.09.2024 22:00:33