Нејмар ова лето и се понуди на Барселона

Бразилската фудбалска ѕвезда, Нејмар сакаше да се врати во Барселона ова лето.



Како што пренесува „Diario Sport“, овој месец Нејмар и ги понудил своите услуги на каталонскиот фудбалски великан.

Сепак, главниот тренер на Барселона, Ханс-Дитер Флик го одбил Бразилецот, и покрај потребата да ја засили левата офанзивна страна.

Се истакнува дека по неуспешниот договор за Нико Вилијамс, главен избор на Барселона за оваа позиција е Федерико Киеза, но клубот разгледува и други опции, особено Рафаел Леао од Милан.

Извор:  МИА
Објавена на 26.08.2024 12:26:23