Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи повтори дека неговата земја ќе одговори на убиството на политичкиот лидер на милитантната група Хамас, Исмаил Ханија, минатиот месец во Техеран.
- Реакцијата на Иран на израелскиот терористички напад во Техеран е конечна и ќе биде одмерена и добро пресметана. Не се плашиме од ескалација, но не ја бараме – за разлика од Израел, напиша Арагчи на Х.
Арагчи изјави дека тоа го кажал во телефонски разговор со италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани.