Барселона ќе се обиде да го ангажира Леаo во последните денови од преодниот рок

Фудбалерот на Милан, Рафаел Леао би можел да се пресели во Барселона во последните денови од преодниот рок, пишува „Мундо Депортиво“.



Каталонците се уште не можат да се договорат со миланскиот клуб околу условите за трансфер на 25-годишниот Португалец.

Леао игра за Милан од 2019 година. За тимот настапи на 211 натпревари, постигна 58 гола и креира 50 асистенции.

Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува пазарната вредност на фудбалерот на 90 милиони евра.

Извор:  МИА
Објавена на 26.08.2024 10:34:47