Футурама

Почна тестирањето на првата вакцина против рак на белите дробови

Лекарите од седум земји почнаа со тестирање на првата мРНА-вакцина против рак на белите дробови на пациенти. Клиничкото испитување на луѓе во првата фаза се спроведува на 34 истражувачки места во Велика Британија, САД, Германија, Унгарија, Полска, Шпанија и Турција.



Вакцината позната како „БНТ-116“ (BNT116) е произведена во лабораториите на компанијата „Бионтек“ (BioNTech), а работи на принцип на пронаоѓање на канцерогени клетки, коишто потоа ги уништува и спречува да се вратат, пишува „Гардијан“.

Целта на вакцината е да се зајакне имунолошкиот одговор на болните лица од рак, а здравите клетки да останат непроменети.

Извор:  МИА
Објавена на 23.08.2024 11:51:25