Меси ќе може да се врати на терените во септември

Фудбалерот на Интер Мајами, Лионел Меси ќе се врати на терените во септември, објави новинарот Хернан Клаус.

Триесет и седумгодишниот Аргентинец, закрепнува од повредата на скочниот зглоб и наскоро ќе се врати на тренинзите со тимот.

Се очекува напаѓачот да може да се појави на теренот на натпреварот од американската лига – МЛС, против Филаделфија, кој е закажан за 14 септември. Истовремено, постои можност фудбалерот да има време да заздрави од повредата навреме за натпреварот против Чикаго кој ќе се одигра на 1 септември.

Меси игра за Интер Мајами од јули 2023 година. Во тековната сезона во МЛС, тој на 12 натпревари постигна 12 гола и креира девет асистенции.

Извор:  МИА
Објавена на 21.08.2024 11:54:05