Џенифер Лопез официјално поднесе барање за развод од Бен Афлек по неколкумесечните гласини за разделување.
Пејачката на „On The Floor“ (55) поднесе барање за развод лично, без присуство на нејзините адвокати на 20 август – денот на кој што е втората годишнина од нивниот брак.
Лопез, која неодамна беше видена како го носи венчалниот прстен, го наведе датумот на разделба како 26 април 2024 година.
Двојката беше забележана на голем број заеднички јавни излегувања, вклучувајќи го и нивниот последен на 2 јуни, откако веќе решиле да тргнат по својот пат два месеци порано.
Во тоа време, тие беа видени како срдечно се поздравуваат, дури и се бакнуваа, додека присуствуваа на кошаркарскиот натпревар на 12-годишниот син на Афлек, Семјуел во Санта Моника.
Извор близок до Лопез за DailyMail изјави дека на блиските пријатели на Лопез им здосадува нејзиниот хаотичен љубовен живот.
-По четири неуспешни бракови, нејзините пријатели чувствуваат дека таа треба да се погледне себе си и да се фокусира на себе, наместо на она што другите сакаат да биде и конечно да открие која е и што сака од нејзината иднина.
Изворот додава дека пејачката не е единствената која е способна да игра умствени игри.
-Џенифер рече дека ѝ е доста од тоа да биде понижена од Бен и дека чекала до двегодишнината бидејќи сакала да го пецне. Но, тоа не го погоди. Тој заврши со неа и таа длабоко во себе го знае тоа. И дозволи да изигра вака, само за да не изгледа дека таа е негативецот.
Ова е четврт неуспешен брак за Џенифер и втор за Бен. Според информациите парот не потпишал предбрачен договор пред да се венча во јули 2022 година, што најверојатно ќе го отежне разводот.