Луѓето родени меѓу 1997. и 2012 година, односно „генерација Z“, се подготвени трајно да се откажат од сексот за постигнување „поголема“ животна цел - купување куќа, покажува ново истражување на платформата „Bloom Stories“, спроведено во Велика Британија.
Испитувањето опфатило 2.000 луѓе, а открива и дека на околу третина од младите поважно им е зголемувањето на платата од сексот, како и дека околу 25 отсто испитаници „ќе апстинираат“ ако тоа значи - унапредување. Повозрасните луѓе изјавиле дека се повеќе заинтересирани за продолжување на активниот сексуален живот на сметка на финансиско-кариерниот развој.
Претходната анкета на „Clever Real Estate” посочи повторно - помала заинтересираност за секс воопшто, како и дека 60 отсто од девојките од „генерацијата Z“ им е грижа за поседувањето дом.
Според овие испитувања, околу 32 отсто од возрасните на возраст од 35 до 44 години би се одлучиле да останат сексуално активни и на сметка на купување куќа, покачување на платата или унапредување на работа. Од луѓето на возраст од 45 и повеќе години, помалку од 50 отсто би избрале да имаат секс наместо да купат дом.