Михаилов повеќе не е тренер на Вардар

Фудбалскиот клуб Вардар ја известува јавноста дека Горазд Михаилов, досегашниот шеф на стручниот штаб, поднесе оставка на функцијата и повеќе нема да ги предводи „црвено-црните“.



Михаилов во клубот пристигна минатата полусезона и успеа да ја исполни главната цел на навивачите и клубот, обезбеди опстанок во Првата лига, а покрај тоа оствари и значајни резултати, кои секако дека остануваат да сведочат за професионализмот и посветеноста.

- Тој си заминува поради приватни причини, а со раководството на клубот во пријателски однос е постигнато взаемно прифатливо решение. Во името на клубот, му се заблагодаруваме за ангажманот, за сите победи, но и за тоа што кога беше тешко, застана и ја водеше екипата во најважните предизвици, соопштуваат од ФК Вардар.

Разделбата на Михаилов со Вардар доаѓа ден по победата над пелистер во вечното дерби на македонскиот фудбал.

Извор:  МИА
Објавена на 19.08.2024 13:24:36