Научниците велат дека пронашле „прекинувач за активност“ во нашите тела што ја зголемува желбата за вежбање.
Откривањето на овој протеин потенцијално може да доведе до развој на лек кој нè мотивира да се испотиме.
Податоците добиени кај глувци и луѓе открија дека кога мускулите постојано и интензивно се контрахираат, одредени механизми почнуваат да го активираат производството на протеин наречен IL-15. Овој протеин има директно влијание на делот од мозокот кој го контролира движењето.
Зголемувањето на овој протеин во крвта му сигнализира на мозокот да ја зголеми моторната активност, што ги натерало глувците во студијата да станат поактивни.
Кај луѓето, покачувањето на нивото на IL-15 исто така е откриено во крвта после вежбање.
Пациентите со прекумерна тежина кои вежбале покажале пониски вредности на овој протеин, што укажува на тоа дека биле помалку мотивирани да продолжат да се движат.
Истражувачите рекоа дека овој резултат сугерира дека „можеби е можно да се развијат лекови за луѓе на кои им требаат придобивките што доаѓаат од вежбањето, но не сакаат да го прават тоа“.
Тие рекоа дека следниот чекор ќе биде да се потврди дека IL-15 дефинитивно е крвен маркер за желбата за вежбање.
Наодите од истражувањето се објавени во списанието Science Advances.