На 28 август срцето на Радовиш ќе пулсира во ритамот на незаборавната музичка вечер со организирана во чест на Денот на македонските рудари и Денот на градот Радовиш.
Најдоброто од македонската музичка сцена ќе се сплоти во едно кога маестро Игор Џамбазов придружуван од Гуру Харе бенд ќе ги изведе своите најголеми хитови. Спектаклот започнува во 21:00 часот и ќе трае два часа, носејќи ги присутните низ три децении музички креации како „Хотел Македонија“, „Каква е оваа ситуација“, „Да си жив и здрав“ и многу други.
Прославата ќе продолжи во 23:00 часот со настапот на екс-ју рок иконите Црвена јабука, кои ќе ги наполнат радовишките улици со звуците на нивните безвременски хитови како „Некако с прољеќа“, „Туго несреќо“ и „Моје најмилије“.
Организаторите ветуваат вечер исполнета со одлична забава, квалитетна музика и настан кој не само што не смее да се пропушти, туку ќе биде вистинско музичко патување низ времето, посветено на сите љубители на добрата музика.
Радовиш е подготвен за незаборавна вечер, а ние ве покануваме да ни се придружите и да го прославиме овој посебен ден заедно.