ФОТО: Клуни и Пит искрено за своето пријателство

Гледајќи од страна, Џорџ Клуни и Бред Пит имаат многу заеднички нешта. Од нивниот холивудски живот до статусот на срцекршачи, овие двајца ветерани од филмската индустрија имаат лични животи и кариери кои дури се пресликуваат една со друга. Но, дали навистина се пријатели?



Во новото интервју за GQ, Клуни и Пит, кои глумат во претстојниот филм „Wolfs“ искрено зборуваат за нивното пријателство, кое очигледно оди многу подалеку од филмските сетови.

-Ние сме пријатели долго време. И забавно е затоа што се проверуваме еден со друг одвреме-навреме, што е важен дел од пријателството. Работите се комплицираат во животот и секогаш треба да бидете сигурни дека сите се во ред, вели Џорџ.



Иако Клуни не објасни на кои „комплицирани“ работи мисли, лесно е да се сфати дека зборува за бурниот развод на Пит со поранешната сопруга Анџелина Џоли.

- Му се јавувам на Џорџ во многу прилики кога работите ќе станат непријатни. Џорџ ќе разбере нешто што никој друг нема да го разбере, за што не мора ни да зборуваме. Има утеха во тоа, објаснува Пит.



-Кога се појави „Wolfs“ си помислив, човеку, го познавам овој човек од 90-тите и поминав низ толку многу живот во овој момент, толку многу пресврти и ситуации и има нешто едноставно, не знам... Чувствував дека има нешто навистина убаво во тоа да направиме нешто рамо до рамо, вели Пит за Клуни.

Џорџ, сподели слични чувства за Пит, истакнувајќи дека работата со него била полесна отколку што очекувал.

-Има многу интересна работа што се случува кога работите заедно долго време. Јјас не морам ниту да гледам во негова близина за да знам што прави и да имам идеја за тоа што се случува, рече Клуни.

-И има голема леснотија и самодоверба каде што само си велите: „О, да, знам што ќе направи“.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 14.08.2024 11:30:30