Главната актерска екипа на „It Ends with Us“ и Колин Хувер, авторката на книгата од 2016 година на која се базира филмот,не сакаат да имаат никаква врска со режисерот Џастин Балдони.
„Не е сè како што изгледа“ во однос на Балдони (40), кој, наводно, имал конфликт и со водечката ѕвезда на филмот Блејк Лајвли (36) за време на продукцијата на филмот, изјави извор за People.
-Додека режисерот имаше „креативни разлики“ со некои од неговите соработници на филмот, извештаите за напнатост додека го снимаше филмот беа „придушени“, изјави извор близок до Балдони за People.
Изворот додаде дека Лајвли „сака да го режира следниот филм, оставајќи го настрана Балдони и обезбедувајќи ги правата од Колин“.
Според гласините ниту еден од актерите не уживал да работи со Џастин, а доказ за тоа е што никој од актерската екипа не разговараше со него на премиерата.
Балдони, чија продукциска организација Wayfarer Studios ги поседува правата на книгата, се огради од режија на продолжението од филмот.