Блејк Лајвли блесна за време на лондонската премиера на нејзиниот последен филм „It Ends With Us”.
Актерката изгледаше неверојатно во долга елегантна цветна тоалета, која воедно беше нејзината петта облека во текот на денот.
Креацијата на Тамара Ралф вредна 30.000 фунти беше украсена со ливчиња од кристална мрежа, кристална орхидеја и деколте со цвет од цреша.
Фустанот е дел од најновата колекција за есен-зима 2024/2025 година на дизајнерката, претходно претставена во Париз за време на модната недела на високата мода.
Актерката го комплетираше својот изглед со впечатлива наметка од црвени пердуви и сребрени потпетици.
„It Ends With Us” се фокусира на Лили Блум, сопственичка на цвеќарница која се наоѓа во средина на комплициран љубовен триаголник помеѓу неврохирургот Рајл и нејзината средношколска љубов, Атлас.
Филмот е заснован на истоимениот романтичен роман на Колин Хувер, кој беше хит кај читателите откако беше објавен во 2016 година.