„House of the Dragon“ ќе заврши со 4-та сезона

Ко-креаторот на „House of the Dragon“, Рајан Кондал, потврди дека шоуто ќе заврши со 4-тата сезона. Кондал го објави ова за време на прес-конференцијата по објавувањето на финалето на втората сезона од популарната серија. Тој, исто така, сподели дека во моментот се пишува сценариото за третата сезона, а снимањето на истата се очекува во почетокот на 2025 година.



На прашањето дали третата сезона ќе има осум епизоди како што имаше втората сезона, Кондал истакна дека се уште не зборувал со HBO за тоа.

-Јас само би очекувал развојот на шоуто, од перспектива на драматично раскажување приказни, да продолжи да биде ист од втората сезона, додаде тој.

Шоуто на HBO е засновано на „Оган и крв” првата книга во фантастичната серија „Песна за мразот и огнот“ на авторот Џорџ Р.Р. Дејството е сместено речиси 200 години пред настаните од „Game of Thrones“ и ја следи приказната за граѓанската Таргариен војна и борбата за контрола на Железниот трон.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 06.08.2024 10:45:28