Џенифер Лопез и Бен Афлек ги финализираа документите за развод

Љубовта на Џенифер Лопез можеби не чини ништо, но нејзиниот развод со Бен Афлек сигурно ќе чини.



Пријателите на пејачката тврдат дека Бен и Џен ќе се разведат, откако последниот обид за помирување во последните недели не успеа.

Документите за развод на парот „се финализирани, но сè уште не се предадени“, тврдат повеќе извори.

Веста следи откако Афлек купи нова куќа од 20,5 милиони долари, на денот кога Лопез наполни 55 години.

Пријателите на Лопез тврдеа дека ненадејното купување на Афлек на нејзиниот роденден било „убод во срцето“.

-Тие ги финализираа документите за развод уште пред еден месец, но го чекаа вистинското време да ги откажат, тврди извор близок до двојката.

-Искрено, на крајот не можеа да дојдат до компромис. Она што го имаа претходно, повеќе го нема и двајцата го прифатија тоа, тврди друг извор.

Двојката последен пат беше сликана заедно на 30 март. Оттогаш тие го поминаа летото разделени; Џенифер главно на источниот брег додека Бен останува дома во Лос Анџелес. Тие дури ја поминаа втората годишнина од бракот на 16 јули во различни градови.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 01.08.2024 13:16:19