Футурама

„Open-AI“ го претстави првичниот ВИ-пребарувач „SearchGPT“

„Open-AI“ го претстави прототипот на својот пребарувач со вештачка интелигенција, наречен „SearchGPT”, којшто има за цел да им даде „брзи и точни одговори со јасни и сигурни извори“ на корисниците.

-Сметаме дека има простор пребарувачите да станат подобри отколку што се денес, напиша извршниот директор на компанијата, Сем Алтман, во објавата на „X“.

Компанијата посочи дека планира да ја интегрира алатката, којашто засега е во тест-период, со веќе популарниот „Chat-GPT“ четбот. „Open-AI“ ги охрабрува корисниците „да пребаруваат на поприроден и поинтуитивен начин“ и да поставуваат дополнителни прашања, исто како што „прават при разговор“.

Новиот пребарувач би можел да биде сериозна конкуренција за „“ и неговите вообичаено доминантни пребарувач, велат познавачите.

Извор:  МИА
Објавена на 26.07.2024 15:02:50