„Стелантис“ повлекува 24.000 хибридни миникомбиња ширум цел свет

Матичната компанија на „Крајслер“ (Chrysler) - „Стелантис“ (Stelantis) повлекува околу 24.000 „plug-in“ хибридни миникомбиња ширум светот, поради опасност од пожар, и ги повика сопствениците да ги паркираат возилата на отворено и подалеку од зградите додека ги чекаат поправките.



„Стелантис“ соопшти дека повлекувањето се однесува на возилата од моделот „Крајслер пацифика хибрид“ произведен меѓу 2017 и 2021 година. Во однос на САД, се работи за околу 19.500 возила. Компанијата е запознаена со седум инциденти при исклучување на возилата, од коишто некои се случиле при полнење на батеријата. Од корисниците, четворица пријавиле вдишување чад.

Случаите се поврзани со неисправности во поединечните високонапонски ќелии на батериите, што се случува ретко.

Опасноста од пожар е релативно помала кога нивото на полнење на батеријата е пониско, па на сопствениците на комбиња им се советува - до поправката да се воздржат од полнење. Компанијата работи на ажурирање на софтверот за да дознае повеќе за тие неисправности и, доколку се најдат, одговорните ќе ја заменат високонапонската батерија на возилото.

Извор:  МИА
Објавена на 19.07.2024 11:36:40